Скопјани краделе ќебиња од Транзитниот центар Табановце
19.12.2015 10:22
| KumanovoNews
Скопјани краделе ќебиња од Транзитниот центар за бегалци на граничниот премин Табановце.

Во 30 минути по полноќ вработен во МТЦП пријавил дека непознати лица земаат ќебиња од контејнери и ги товараат во автомобил застава 101. Во 1 часот полицајци го запреле возилото и пронашле 64 ќебиња со ознака УНХЦР. Возилото го управувал И.А.(37), а со него биле И.М.(33) и И.Х.(19), сите од Скопје. Во 3.45 часот лицата се приведени , а возилото и ќебињата со потврда за предавање на лица и предмети се предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.