×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скопјанка „собирала„ пари за полицајците од акцијата во Куманово

    13.06.2015 12:18 | KumanovoNews

    С.Ш.(39) од Скопје мамела сопственици на фирми, барајќи им пари за помош на полицајците кои учествувале во полициската акција во Куманово.

    Скопјанка „собирала„ пари за полицајците од акцијата во Куманово

    Пријавената лажно претставувајќи се како службено лице на МВР и сопруга на висок службеник во МВР, се јавила во фирма во Велес и побарала 30.000 денари за помош на полицајците, за што ветила дека ќе додели пофалница за помош на државата што таа лично ќе му ја врачи.

    Откако директорот одобрил 20.000 денари,побарал парите да бидат врачени лично на рака, С.Ш.  дошла  на договорената средба во просториите на претставништвото во нас. Аеродром. Кога ги зела парите извршено е легитимирање на пријавената, извршен е преглед на нејзиниот личен багаж и на ПМВ кое го управувала, по што е приведена.

    Истиот ден дојдено е до сознание дека пријавената претставувајќи се с лажен идентитет од 29.05 до 02.06.2015 година се јавила уште во четири други приватни фирми и со изговор дека поради потреба од исплата на финансиска помош на полициските службеници од МВР кои учествувале во неодамнешната полициска акција во Куманово - побарала да извршат уплата на парични средства во износ од 20.000 до 30.000 денари на жиро сметка на физичко лице.

    Против С.Ш. и во претходниот период се поднесувани кривични пријаво за кривични дела „измама“.

    С.Ш. ќе одговара за две кривични дела - “измама“ и „лажно претставување“. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавената и е изречена превентивна мерка одземање на патна исправа и еднаш неделно јавување во Основен суд Скопје.