×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скрининг тестирање за здравствени и шалтерски работници, негователки, возачи и полицајци

    05.05.2020 13:01 | KumanovoNews

     Следната недела ќе започне скрининг тестирање за коронавирус на лицата за коишто се смета дека се во критични категории.

    Скрининг тестирање за здравствени и шалтерски работници, негователки, возачи и полицајци

    Тоа се пред се здравствените работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници) и пациенти пред хоспитализација.

    „Скринингот ќе се прави со PCR тестови и ќе овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови, - соопштуваа од Министерството за здравство.

    Следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во понатамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус.

     Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку „Мој Термин“ ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постоечките пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории.

    „ Стратегијата на Министерстовото за здравство од почетокот на епидемијата беше да се тестираат пациенти со симптоми. Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација, што беше наша примарна цел. Намалениот број на тестирања изминатите денови е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува“, додаваат од Министерството.