Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 11 часот само двајца раселени гласале на гласачко место 1067 во Ученички дом “Професор Мијалковиќ„.
Избирачкото место 1067 беше отворено навреме во 7 часот. Ќе гласаат граѓаните со статус на внатрешно раселени лица од Општина Липково. Досега гласале двајца, а има 38 гласачи. Тие гласаат за избор на градоначалник и членови на совет за Липково. Во попладневните часови можеби ќе излезат на гласање повеќе луѓе. Три фамилии живеат тука во “Професор Мијаловиќ“, а другите се на други адреси - вели Минире Биљали, заменик претседател на избирачко место 1067.
На претходните избори на ова избирачко место во списокот имало заведено 93 гласачи. Избирачкото место ќе биде отворено до 19 часот вечерва.