Слаб снег провејува на Павлешенци
Слаб снег утрово провејува на Павлешенци на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, стои во извештајот од Македонија пат за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Слаб снег превејува и на Попова Шапка, Стража, Маврово, Смојмирово, Ѓавато, Буково и Крушево.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица -Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија- Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.