×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слаѓана Ѓорѓиевска нов член на Советот на Општина Куманово

    22.01.2020 09:54 | KumanovoNews

    Слаѓана Ѓорѓиевска од ВМРО-ДПМНЕ е новата советничка во Советот на Општина Куманово. 

    Слаѓана Ѓорѓиевска нов член на Советот на Општина Куманово

    Нејзиниот мандат беше верификуван на денешната седница, откако беше констиран престанок на мандатот на Емилија Трајковска, која стана пратеник во македонското Собрание.

    Ѓорѓиевска даде свечена изјава и се заблагодари на Советот и на присутните за поддршката, најавувајќи конструктивна и добра соработка со останатите колеги.

    Ѓорѓиевска е на изборната листа на советници на Коалицијата на подобра Македонија на место број 15.

    Ѓорѓиевска беше советник во Советот на Општина Куманово од 2009 до 2013 година. Член е на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово од 1998 година. По професија е медицински лаборант и санитарен техничар и работи во Здравствен дом Куманово.