×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слепи деца од Куманово учат во Скопје

    10.05.2013 12:07 | KumanovoNews

     Седум  слепи деца од Куманово учат во Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ во Скопје.

    Слепи деца од Куманово учат во Скопје

    Ова е единственото училиште за деца со оштетен вид во државата кое нуди основно и средно стручно образование.

    Седум деца секојдневно со меѓуградски превоз патуваат и учат во Скопје. Реално бројката на слепи деца е поголема, но кај нас тоа сеуште е табу тема. Многу од родителите не сакаат децата да ги носат во училиштето за слепи и со тоа од нив прават поголеми инвалиди. Тие деца подоцна потешко се осамостојуваат. Тоа се деца со над 90 отсто оштетен вид - вели Коце Витанов, секретар на Здружение на слепи лица Куманово.

    Од Здружението на слепи лица Куманово потврдуваат дека децата кои се образувале во училиште за слепи подобро се ориентираат во просторот, а се прават напори по завршување на средно образование тие да добијат работа.