×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слободни места останаа во сите средни школи

    12.08.2014 09:26 | KumanovoNews

    Во сите средни училишта во Куманово останаа слободни места за вториот уписен рок кој ќе се оддржи  на 25 август.

    Слободни места останаа во сите средни школи

    Во Гимназија “Гоце Делчев“ имаат 93 празни места за паралелки на македонски јазик и 34 места за паралелка на српски јазик.

    Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ имаат слободни места за упис во прва година за сите образовни профили.

    Во “Перо Наков“ за економски техничар има 35, за техничар за трговија и маркетинг 44, деловен секретар 30, банкарски техничар 16, техничар за дизајн на облека 25, конфекциски техничар 31, техничар за обувки 31 и произведувач на обувки на три години 34 слободни места.

    Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ за техничар за компјутерско управување има 16 места, машинско енергетски техничар 22, електротехничар енергетичар 34, електротехничар за компјутерска техника и автоматика 33 и за медицински сестри 19 слободни места.

    Во вториот уписен рок критериумите за прием се намалени за 10 поени од она што беше предвидено во конкурсот.