×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сменет директорот на Центарот за социјални работи Куманово

    12.02.2016 09:36 | KumanovoNews

    Директорот на Центарот за социјални работи Куманово, Даниел Живачки е разрешен од функцијата.

    Сменет директорот на Центарот за социјални работи Куманово

    Информацијата ја потврдија од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски вчера разреши шест директори на Центри за социјални работи меѓу кои е и Живачки.

    Директорите на Центарот за социјални работи во Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, се разрешени  поради непотпишување на менаџерски договори. Директорите на Центрите за социјална работа од Гевгелија и директорот на  Јавна установа Детски дом  „11 Октомври”,  се разрешени за недоставување на годишен финансиски извештај.

    Директорот на Центарот за социјални работи од Крива Паланка е разрешен затоа што е константиран недостаток на документ за доделување на еднократна парична помош.