×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Смени во СВР Куманово, Јакимовски останува на функцијата

    20.11.2013 12:21 | KumanovoNews

    Во кумановската полиција сменети се помошник началникот на СВР и раководителот на криминалистичка полиција

    Смени во СВР Куманово, Јакимовски останува на функцијата

    Началникот на СВР Куманово, Моме Јакимовски останува на функцијата, иако се зборуваше дека ќе биде преместен на ново работно место во Скопје.

    Новиот бран на смени го зафати неговиот заменик Мевљам Џемаили, на чие место е назначен Севдаиљ Џафери, кој досега работел како командир во полициската станица во селото Матејче.

    Од раководното место на крим-полиција си заминува и Владимир Петрушевски, а на негово место доаѓа Марин Николовски, кој и до пред две години ја вршеше оваа функција.

    Раководителите на аналитика и на униформираната полиција Валентина Николовска и Роби Митев исто така остануваат на досегашните функции.

    Министерството за внатрешни работи изврши промена во секторите, но и функциите на вработените поради повисоко интегрирање и доближување на стандардите на европските полициски правила.