Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасна жена починала откако била удрена со автомобил на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово.
Сообраќајната несреќа се случила на 30. јули околу 18.35 часот, кога патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(22) од Куманово, удрило во пешаците Р.Д.(80) и Н.Н.(85), двајцата од Куманово.
„По несреќата, на Р.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде на 01.август починала“, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
(фото архива)