Мени

Со автомобил удрил полицаец и се обидел да побегне

16.01.2026 08:40 | KumanovoNews

Приведен е 28-годишен жител на кумановското село Романовце, кој не постапил по наредба на полицијата, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, а потоа се обидел да побегне.

Со автомобил удрил полицаец и се обидел да побегне

„Околу 22:30 часот во селото Отља, општина Липково, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото ‘ауди А3’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на селото Романовце застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу бил стигнат и приведен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник“, соопштија од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.