Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со печен бик на ражен и музика , синоќа во Старо Нагоричане беше одбележан големиот празник Ѓурѓовден.
На прославата присуствуваа голем број жители на околните села од општина Старо Нагоричане. Ѓурѓовден во селото има долга традиција и се слави скоро 200 години.
Во време кога јас бев дете, имаше традиционалeн собир во селото. Долги години беше прекината традицијата, но по иницијативата на месна заедница Старо Нагоричане и со помош на општината, оваа манифестација се возобновува во очи на празникот. Се надевам дека ова во иднина ќе биде традиција и со поголем квалитет“ - изјави Милован Стојковски, градоначалник на Старо Нагоричане.
Посебна атракција за посетителите беше печењето бик на ражен, која станува нова традиција во селото. Но за да се дојде до квалитено и вкусно печено месо, потребни се многу подготовки и големо мајстрство во самото печење.
Поради големината на бикот, потребно е константно надгледување при негото печење. Секој дел посебно се сече, се посолува и одделно се пече. Потребно да се посвети повеќе време и внимание при подготовката, но најмногу се потребни 12 часа. Оваа новина се негува веќе четврта година по ред, а мајсторите велат дека најголемиот метеж настанува при делење на месото. Јас им го пренесов моето знаење и сега се обидуваме веќе четврта година да го подготвиме успешно - вели мајсторот Петар Диклиќ.
На прославата настапија членови на КУД“Српски вез“, “Карпош“ и играорци од Бор, Србија. Петар Диклиќ објасни како се подготвува бик на ражен.
Организирани прослави за Ѓурѓовден се организираат од 2010 година.