×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со бројни проекти ќе ги решаваме проблемите во образованието, порача Димковска

    26.06.2020 11:13 | KumanovoNews

    Образованието претставува еден од главните темели на секое општество, стратешки приоритет на нашата држава и за тоа е неопходно постојано вложување во квалитетно, модерно и ефикасно образование, порача на  денешната прес-конференција Кети Димковска, кандидат за пратеник во ИЕ 2 на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

    Со бројни проекти ќе ги решаваме проблемите во образованието, порача Димковска

    „Вистински реформирано и на здрава основа поставено образование, претставува суштински двигател за остварување на долгорочните цели и проекции во областа на општествениот и личниот развој на граѓаните, одржливиот економски раст, унапредување на демократијата, и развојни политики за подобар живот во државата. Квалитетно образование приспособено за потребите на труд и потребите на општеството подразбира создавање на фундаментални предуслови за градење на иновациски капацитети и развиена иновациска инфраструктура“, кажа Димковска.

    Таа посочи дека, со бројните проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, по 15 јули ќе ги решава проблемите во образованието. Пред се` инфраструктурата, слабиот квалитет покажан на меѓународните тестирања, недоволната мобилност, запоставувањето на воспитната компонента од воспитно образовниот процес, со отсуството на кариерен развој на наставниците, студенсткиот стандард, отсуствотото на поддршката на научни истражувања, условите за настава на учениците со посебни потреби потреби и други недостатоци кои се појвуваат секојдневно во нашиот образовен систем.

    „ВМРО-ДПМНЕ, во својата програма за образование, како стратешки ги издвојува проектите: зголемување на средствата за образование од 3,7 % на 5 % од БДП, запирање на одливот на работоспособни кадри, осигурување на квалитет во образованието преку поврзување на стандардот на квалификации и пазарот на трудот со образовните програми, креирање образовни системи за вештини и компетенции соодветни на потребите во државата,  инфраструктурна изградба на образовниот систем,  5 % годишно покачување на платата на наставниот кадар за подобрување на нивниот стандард,  зголемување на средствата кои се одделуваат за наука на минимум 1 % од БДП“, истакна кандидатката за пратеничка Димковска.

    Таа ги повика граѓаните да гласаат на овие избори со заокружување на бројот 14 за кандидатската листа на Коалицијата „За Обнова на Македонија", и да почне создавање на заедничка иднина во која Македонија ќе се трансформира во успешна и просперитетна држава.

    (Ф.Марковска)