Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од седумтемина преживеани во автобусот што изгоре во Бугарија е млад човек од Прешево, кој се спасил откако го скршил прозорецот и со тоа овозможил уште неколку лица да скокнат од автобусот.
Љуљзим Сулејмани и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановски Сопот, се лекуваат во софиската Клиничка болница. Тие за ТВ Клан го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога се запалил автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“, при што животот го загубија 45 луѓе.
„Автобусот во движење удри од десната страна во тротоарот. Тркалата пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево. И сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам некако. Подоцна го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица, изјави Сулејмани за ТВ Клан.
Тие велат дека седеле на претпоследното седиште, а во моментот на Љулзим бил буден и свесен, поради што брзо реагирал.
Љуљзим и Медина, се меѓу седумтемина патници, кои преживеаја во запалениот автобус во Бугарија.