Детското катче кај Спортската сала доби нови реквизити, донација од командата на СИБРИГ
02.07.2026 09:24
| KumanovoNews
Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ), сместена во касарната „Боро Менков“ во Куманово, обезбеди средства за уредување на детското игралиште покрај Спортската сала.
Донацијата опфаќа поставување нови детски играчки и реквизити, со што се заменети старите, кои подолг период беа оштетени и нефункционални.
Командантот на СЕЕБРИГ, бригадниот генерал Билбил Битри, истакна дека донацијата е израз на благодарност до граѓаните на Куманово за поддршката и гостопримството што им го укажувале во текот на изминатите шест години од нивниот престој во градот.

Во знак на благодарност за досегашната несебична поддршка на градот, секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, му врачи плакета на командантот Битри.