Со молотов коктел предизвикал пожар во Средорек
20.07.2025 13:27
| KumanovoNews
Кумановец во алкохолизирана состојба, ноќеска во 2.10 часот, со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.

„Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С.С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.