Со мопед удрил во малолетничка, тројца повредени
26.09.2025 15:49
| KumanovoNews
Повредени се три лица, откако возач на мопед удрил во малолетничка на раскрсница во Куманово.

Несреќата се случила на синоќа околу 20 часот на крстосницата на бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово.
„ Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.