500x100-1
19. 10. 2019 15:56

Со нож ја нападнал сопругата на градскиот плоштад

Со нож ја нападнал сопругата на градскиот плоштад

Кумановец, сред бел ден на јавно место, ја нападнал со нож сопругата со која не живееле заедно.

Нападот се случил , вчера попладне на градскиот плоштад во Куманово, пред продавницата на „Тинекс“, а го забележал полициски службеник, кој бил во близина. Веднаш реагирал и го спречиле насилникот во намерата.

Мажот бил совладан и однесен во полициската станица. Кај него бил најден и одземен ножот со кој се заканувал.

Жената со Брза помош била пренесена во Кумановската болница.

Очевидци на настанот кажуваат дека жената била прободена со нож и паднала на плочникот, но од полицијата велат дека не е регистрирано такво нешто.

Неофицијално сопружниците воделе бракоразводна постапка, а таа била и порано жртва на семејно насилство, поради што имала траги на насилство по телото.

 Од МВР соопштуваат дека вчера во 18.45 часот во Куманово, бил лишен од слобода С.Т.(45) од с. Речица, затоа што со остар предмет на плоштадот „Маршал Тито“, ја нападнал сопругата Л.Т.(43) од с. Речица.  Тие  не живееле заедно и претходно имале расправии, но по интервенција на полициски службеник бил спречен во намерата. С.Т. и претходно ја нападнал Л.Т. во домот.

По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе следува соодветен поднесок.