Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дарко Ј.(63), таксист во компанијата „Спид„, утринава бил прободен со нож од Дејан.А (43) на крстосницата помеѓу улиците „Доне Божинов„ и „Октомвриска Револуција„ во Куманово. Инцидентот се случил во 7.10 часот, а причина се должничко-доверителски односи.
Вработените во околните куќани кажуваат дека Дејан му бил сосед на Дарко, и од порано му должел пари. Кога Дарко одбил да го вози додека не се раздолжат, започнале расправија по што Дејан извадил нож на расклопување и му нанел две убодни рани во пределот на стомакот. Потоа ладнокрвно излегол од колата, влегол во автобус и побегнал. Повредениот таксист по радио врска побарал помош, и ги известил своите колеги што се случило. Веднаш пристигнале неколку возила и го пренеле во кумановската болница. По укажаната лекарска помош Дарко е пуштен е на домашно лекување.
Полицијата го привела насилникот и со пријава за убиство во обид е изведен пред Истражен судија. Дејан бил регистриран корисник на наркотични дроги.