Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа панихида за осумте загинати припадници на безбедносните сили по настаните во Диво Насеље, на 9 мај 2015 година.
На настанот почит кон загинатите оддадоа полициски службеници, дел од учесниците во настанот, членови на Здружението „Бранители 2001“, членови на општинската администрацијам политички партии и граѓани
„Панихидата ја организираме ние, но и нивните соборци, заедничка е иницијативата. Поголемиот дел на работите остануваат на нас неколкумина. Овие 10 години Куманово памети, памети што се случуваше. Силите на МВР дадоа 8 жртви, крв падна за Македонија. Со овие наши помени и сеќавања нема да заборавиме на нивната жртва, нека им е вечна слава“, истакнаа Предраг Петрушевски и Игор Николовски, иницијатори на настанот.
Во вооружениот напад загинаа полицајците: Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с.Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје.
Панихидата ја служеа 4 свештеници од кумановско- осоговската епархија.