Со прикажување на филм одбележан патронатот во „Христијан Карпош“
Во основното училиште „Христијан Карпош“ денеска беше прикажан филмот „Ајде да снимаме филм“ по повод патронатот.

Училиштето одбележува 72 години од загинувањето на патронот и 57 години постоење и плодна работа. Оваа година училиштето се одлучи на поинаков начин со снимање на филм да го слави патронатот и да го прикаже богатиот фолклор.
На децата да им биде интересно, да научат нешто бидејќи работиме по програма медиумска култура. Да видат како се снима филм, да ги ставиме во улога на актери, режисери, сценаристи, сниматели, а во исто време да го поврземе нивното секојдневно живеење со богатото наше традиционално, флоклорно минато. Снимавме на повеќе локации, се надевам дека филмот ќе ви се допадне - рече Весна Алексова, професор по македонски јазик.
По повод патрониот празник вчера во училиштето се одржа поетски митинг, a во понедленик ќе биде положено цвеќе прд бистата.
Се надевам дека има што да видите и убаво да се чувствувате. Сум задоволна од работата на нашето училиште и самите резултати го покажуваат тоа, учениците заминати во средно. Презадоволна сум од критериумот, од работата на наставниците. За материјално-техничка опременост, некои работи што зависат до нас максимално вложуваме напори, меѓутоа некои капитални инвестиции не зависат од нив. Едно по едно работиме, меѓутоа не оди така лесно и брзо - изјави Лидија Костиќ, директорка на училиштето.
Во училиштето се образуваат 1250 ученици од прво до деветто одделение.