×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со проект ќе се подобрува работата на Комисијата за меѓуетнички односи

    27.10.2010 10:22 | KumanovoNews

    Носители на проектот се невладините организации Центар за меѓукултурен дијалог и Сирма, а се однесува на членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците, Советот на Општината Куманово, локалните институции и граѓанските здруженија кои преку обуки и програма треба ја добијат вистинската улога во работата на мултиедничките односи.

    Со проект ќе се подобрува работата на Комисијата за меѓуетнички односи

     “Активно граѓанство за меѓуетничка соработка” е проект кој има за цел да ги подобри односите меѓу заедниците во Куманово. Носители на проектот се невладините организации Центар за меѓукултурен дијалог и Сирма, а се однесува на членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците, Советот на Општината Куманово, локалните институции и граѓанските здруженија кои преку обуки и програма треба ја добијат вистинската улога во работата на мултиедничките односи.

    Комисијата за односи меѓу заедниците е важна појдовна точка која ќе ги собере сите заинтересирани чинители за да се создаде меѓу-секторска соработка, опфаќајќи ги вредностите на  меѓуетничките односи. Суштински дел од проектот е поврзано со создавањето на работни групи кои ќе ја поддржуват работата на Комисијата за односи меѓу заедниците во Куманово.Ќе има вкупно 4 работни групи од област на култура , религија, образование и социјални прашања  каде во фокус ќе бидат меѓу-етничките прашања и можност да ги решаваат овие прашања - вели Линдита Реџепи проект-координатор од Центарот за меѓукултурен дијалог.

     Проектот ќе трае шест месеци, а истовремено ќе се спроведува во Куманово, Струга и Кичево. Резултатите од ова програма подоцна ќе послужат како пример за работата на Комисиите на заедниците во Општините.

    Примерот на Куманово за воведување во употреба на јазиците на малцинствата во Советот на Општината е едниствен не само во државата туку и во регионот.Тоа само покажува дека свеста на граѓаните на Општината и политичките структури за заедничкиот живот е многу висока. Затоа и се приклучивме да работиме на овој проект и се надевам дека ќе имаме успешен проект со единствена цел да ги зајакнеме  капацитетите и улогата на  Комисијата за односите меѓу заедниците, бидејќи таа има задача го потикне и зајакне мултиетничкиот живот- рече Викор Цветковски, претседателот на Советот на Општината

    Претставникот на Комисијата Богдан Таневски, како надворешен член смета дека имаат простор да се подобри работата на комисијата и дека проектот ќе даде квалитет кој ќе ги надополни сегашните празнини. Предходната години УНДП вршел истражувања на работата на Комисиите при што биле утврдени одредни недостатоци.

    Невладината организација Сирма, заедно со своите партнери, женските организации Кумановка, Мајка, Искреност и Коло на српските сестри сметаат дека Комисијата за меѓуетнички односи е битен елемент за градење на демократијата во Општината и поради тоа треба да и се даде повеќе простор.

    Целта на нашиот проект е да направиме програма за зајакнување на самата Комисија и да ги оспособиме членовите подобро да функционираат, со тоа што ќе ги осознаат своите права и обврски. Исто така во проектот имаме предвидена изработка на пропаганден матерјал, односно брошура со правата и обврските на членовите, легистлативата кај нас и примери од мултиетнички општества околу нас. Како организации сметаме дека Комисијата треба да има своја програма, која ќе ја претстави пред Советот со што ќе ја институционализира и формализира својата активна улога- вели Татјана Крстевска, претседателка на Сирма.

    Во состав на проектот ќе се организираат и обуки за пишување на проекти и аплицирање на европските фондови.

    Проектот е финансиски поддржан од  УНДП, како дел од заедничката програма на ОН “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците”.