Со секира сакал да ги убие сопругата и синот
21.05.2013 12:54
| KumanovoNews
Жител на селото Кучкарево со секира се заканувал на сопругата и синот.
Нападот се случил на почетокот на месецот кога П.Д.(57) без причина се скарал со домашните уште рано наутро. Потоа кавгата прераснала во физичка пресметка, при што насилникот земал дрвен стап и почнал да удира по сопругата С.Д.. Откако таа успејала да избега, П.Д. со секира се заканиле дека ќе ја убие неа и нивниот син.
П.Д. ќе одговара за кривично дело загрозување на сигурноста.