Со стап скршил стакло на возило
28.06.2013 16:02
| KumanovoNews
Момче од Куманово поради нарушени меѓучовечки односи оштетило ветробранско стакло на возило на сограѓанин.

Инцидентот се случил мината недела кога И.О.(19) на регионалниот пат Љубодраг - Черкези го забележал Б.Р.(24) со кого бил скаран, по што со дрвен стап му го искршил ветробранското стакло на возилото.
И.О. ќе одговара кривично за “насилство“.