×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со трактори се протестираше пред СДСМ

    20.12.2012 14:44 | KumanovoNews

     Земјоделци од повеќе кумановски села денеска протестираа пред штабот на СДСМ, при што побараа нивните пратеници да го одблокираат донесувањето на буџетот, бидејќи во спротивно не можеле да добијат субвенции.

    Со трактори се протестираше пред СДСМ

    Тие со трактори ја блокираа улицата пред зградата на поранешен Комитет, а носеа и транспаренти против опозицијата.

    Порачуваме на Оливер Спасовски, пратеникот од Куманово да си ја работи работата за која го плаќаме со наши пари, и нека не доаѓа на наредните избори да го бара нашиот глас. Во случај СДСМ да не го одблокира донесувањето на буџетот, сите ние ќе се собереме и ќе отидеме на Бихаќка. Не смее Бранко Црвенковски и останатите функционери од СДСМ да си играат со нашата судбина. Нека не си играат со животите на земјоделците, социјалците и пензионерите - рече Бобан Стојковски, земјоделец.

    Земјоделците тврдат дека нивниот протест нема политичка заднина, туку тие се собрале затоа што се засегнати од недонесување на буџетот.

     Имам 20 хектари под закуп земја и чувам 300 овци. Јас чекам од државата субвенции да ги земам да можам да фрлам ѓубре сега пролетно, и да купам храна на овците. Нема пари, треба да се изгласа буџет па да добиеме субвенции. Годишно земам субвенции 500.000 денари. Ова нема политичка боја, јас сум од друга партија, не од владејачката - кажа Ивица Симоновски, земјоделец.

    На протестот имаше и пензионери, кои се исплашиле од информациите во медиумите дека нема да земат пензија навреме.

    Протестот помина тензично, па полицијата мораше да интервенира за да не дојде до инциденти. Имено една партиска актвистка цело време го истураше бесот и ги навредуваше луѓето кои случајно се најдоа на местото на настанот или си ја вршеа работа.  Таа прво сакаше да се пресмета и упатуваше навреди и пцовки кон членови на СДСМ кои тука поминуваа, а потоа се нафрли врз новинарката на Кумановоњус затоа што  фотографира. Само присебноста и професионалноста на полицијата не дозволи да дојде до инциденти кои сакаше да ги предизвика лутата „земјоделка„.