Мени

Со вила ги нападнал братот и снаата

07.06.2017 13:31 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А. (61) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Со вила ги нападнал братот и снаата

Како што информираа од полицијата на 26 мај  во село Киселица пријавениот, при вербална расправија и караница, со метална вила со дрвена рачка се обидел да го нападне неговиот брат А.А. и неговата сопруга.