Мени

Собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово

22.05.2026 12:31 | KumanovoNews

Во Куманово утре ќе се одржи собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

 

Собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово

Собирот ќе започне на Градскиот плоштад во 11 часот, по што граѓаните ќе се упатат кон Српскиот конзулат на булеварот „Трета МУБ“, каде што е предвидено пристигнување во 12 часот.

Мотото на собирот е „Само сложно Србија победува“.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да присуствуваат и да дадат поддршка на Србија и нејзиниот претседател, со порака дека тоа е важно за иднината на земјата.

Вакви собири за поддршка утре ќе се одржат и во повеќе градови во регионот каде што живеат Срби, во организација на здруженија на српската дијаспора.

На последните претседателски и парламентарни избори во Србија, на избирачко место во Куманово гласаа српските државјани, при што Александар Вучиќ освои 95 отсто од гласовите.