×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Социјална пензија добиле 218 кумановци

    03.01.2020 11:22 | KumanovoNews

    На територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричени, 218 лица оствариле право на социјална помош.

    Социјална пензија добиле 218 кумановци

    Со правото на месечен надомест од 6000 денари се стекнале стари лица над 65 години што немаат друг приход, а живееле над 15 години во нашата држава и не остваруваат старосна пензија.

    „За помалку од 6 месеци 4140 лица го оствариле правото за социјална пензија или 218 само во Куманово што е значителна бројка. Навистина ми е драго што како Влада на некој начин инвестираме во оние граѓани, кои со години се бореле на пазарот на труд, дел од нив биле пријавени, некои не пријавени, едноставно не оствариле пензија. Затоа денеска ќе можат да го користат ова право, коешто се исплаќа преку Центарот за социјална работа, но сепак е за достоинствено стареење на нашите сограѓани“,   изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, при неодамнешната средба со пензионерите, со социјална пензија во Куманово.

    Голем дел од овие семејства добиваат и додаток за енергенси од 1000 денари од октомври до март секоја година.