×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Социјалното доцни, социјалците загрижени

    18.01.2016 10:30 | KumanovoNews

    Социјалната помош доцни и голем број кумановци приматели на социјална парична помош се загрижени.

    Социјалното доцни, социјалците загрижени

    Деновиве проверуваат во банките дали социјалното е исплатено, но пари на сметките нема.

    Обично на 7 или 8 во месецот земам социјално. Бев во банка проверив нема пари. И многу други социјалци секој ден проверуваат во банка. Треба да ги пуштат парите затоа што некој живее од таа помош. Документите уредно ги обновив во дадениот рок - рече Б.С. социјалец од Куманово.

    Од Министерството за труд и социјална политика одговараат дека исплатата доцни, затоа што при крајот на 2015 година имаше обнова на документи за социјалците и во тек е донесување на решенија.

    Ве известуваме дека по завршување на законски определената обврска за годишна обнова на документација за корисниците на правото на социјална парична помош, која се спроведе во периодот од 9 ноември 2015 година до 12 декември 2015 година, во меснонадлежните центри за социјална работа во тек е донесување на соодветни решенија за корисниците на наведеното право и по завршувањето на постапката за донесување на решенија ќе се пристапи кон извршување на исплата - изјави Жаклина Величковска, портпарол во МТСП.

    Дел од социјалците поради доцнењето на помошта се посомневале дека нешто не е во ред со нивните документи и дека помошта им  е укината.