Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вчера започна санација на подлогата на пешачките патеки во Соколански парк. Додека трае реконструкцијата паркот ќе биде затворен за посетители.
„Ве известуваме дека од денес започнува санација на подлогата во Соколански парк, од страна на фирма „Интеко“ Скопје. Поради извршување на активностите во период од 28 април до 30 април, 2025 година целиот парк во овој период ќе биде затворен. Ги замолуваме граѓаните да имаат разбирање и да не го посетуваат паркот во овие денови“, стои во соопштението на општинските служби.
Соколанскиот парк беше реконструиран пред една година, но многу брзо се оштети подлогата на пешачките патеки пропадна.
За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, Општина Куманово од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со ДДВ.