Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Активисти на Левичарското движење „Солидарност“ вчера залепија плакати низ Куманово, како дел од кампањата што ја започнуваат за поддршка на бегалците.
Кампањата има за цел да поттикне размислување за суштинските проблеми кои ги тераат бегалците да ги напуштаат своите земји.
Првиот дел од кампањата се состои од лепење постери низ градовите во Македонија, а вториот од организирање работилници за разговор на овие теми со младите. Предвидена е ваква работилница и во Куманово, кон крајот на ноември или почетокот на декември - велат од „Солидарност“.
Се надеваат дека кампањата ќе ја подигне свеста за потребата од слободно движење на сите луѓе во светот и ќе помогне во борбата против ксенофобијата и омразата кон различните.