Сонцето од Кутлеш и транспарент „Жива е Македонија“ на катната гаража во Куманово
10.09.2019 08:30
| KumanovoNews
Знамето од Кутлеш и транспарент „Жива е Македонија!!! 8.09.2019“ осамна на катната гаража во центарот на Куманово.

Се претпоставува дека е поставено на 8 Септември- Денот на независноста, но поради тоа што беше празник граѓаните го заблежаа утринава.
На социјалните мрежи се појавија и слики на кои се гледа на повеќе места во градот со спреј е насликано сонцето од Кутлеш.
Пред една недела советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на седница на Совет на нивните лаптопи го залепија сонцето од Кутлеш.