×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Составени комисиите при општинскиот совет

    22.05.2013 14:52 | KumanovoNews

     Советниците денеска ги изгласаа претседателите и членовите на 12 комисии во Советот на Општина Куманово.

    Составени комисиите при општинскиот совет

    Претседател на Комисијата за финансирање и буџет е Зенун Исмаили од НДП, а на Комисија за локален економски развој Влора Имери од ДУИ. Фериз Дервиши од ДУИ ќе ја предводи Комисијата за урбанизам. Сунчица Јосифова од НСДП е претседател на Комисијата за комунални дејности и комисијата за социјална, детска и здравствена заштита.

    Александар Арсиќ од СДСМ е избран за претседател на Комисија за заштита на животната средина и природата. Младен Давидовиќ од истата партија е назначен за претседател на Комисија за образование, култура и спорт.       

    Јовица Станковски од ВМРО - ДПМНЕ е претседател на Комисијата за статут и прописи. Бранко Бојковски од СДСМ ќе ја раководи Комисијата за месна самоуправа. Снежана Захариева од СДСМ е претседател на Комисијата за одбележување на празници, манифестации, доделување на признанија.                               

    Драгица Велковска од СДСМ е претседател на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените. На чело на Комисијата за безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита е Борислав Додевски од Коалицијата За подобра Македонија.

     Советниците од коалицијата „За подобра Македонија„, побараа пропорционална застапеност на членовите во комисиите.

     Од вкупно 65 члена во комисиите ние имаме 15 члена, а ни требаат уште 9 за да имаме 24 члена. Другите партии не сакам да ги инволвирам, сакам пропорционалност меѓу ВМРО -  ДПМНЕ и СДСМ бидејќи имаме по 12 советници - рече Мирослав Стојановски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

    Останатите советници се согласија дека секој советник без разлика дали доаѓа од политичка партија или граѓанска опција, треба да членува во најмалку две комисии.

    Без поголема дискусија, советниците ги изгласаат предложените членови и претседатели на комисии.При давање на предлози се водело сметка секој да води комисија која е соодветна на неговата професија.