×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Совет за превенција на малолетничко престапништво

    04.05.2012 13:09 | KumanovoNews

     Законот за малолетничка правда налага општините да формираат тело за спречување на малолетничка деликвенција.

    Совет за превенција на малолетничко престапништво

    На чело на овој совет е именувана Оливера Шутевска, одделенски наставник од ОУ“Кочо Рацин“ и член на совет на родители во ОУ“Вук Караџиќ“.

    На првата седница членовите дискутираа за понатамошните чекори, односно изготвување на програма и предлагање на иницијативи до општинскиот совет.

    Подобро еден грам превенција, отколку еден тон санкции. Како на родители, како на професионалци и членови доделена ни е благородна функција. Преку практичен ангажман треба да делуваме на младите луѓе. Да направиме здрави и силни личности за нивно и за наше добро - рече претседателката Оливера Шутевска.

    Советот брои 31 член, меѓу кои има адвокати, судии, наставници, социјални работници, вработени во СВР Куманово. Горан Пешевски од Основното јавно обвинителство Куманово предложи за наредната седница да се разгледаат статистичките податоци поврзани со оваа проблематика.

    Се работи за специфична материја, а со територијалната поделба и според бројот на жители Куманово е најголема општина. Секогаш темната бројка е поголема од пријавените случаи. Ќе има што да се работи. Ќе ги разгледаме кривичните пријави за Кратово, Крива Паланка и Куманово , за да се види за каква структура на пријави се работи и од кој социјален слој доаѓаат прекршителите - додаде Пешевски.

    Дел од членовите дадоа предлог да се опфатат и децата кои не одат на училиште. Понатаму можно е работата да се изведува во помали групи, а се претпоставува дека клучна ќе биде улогата на просветните работници бидејќи тие се во контакт со децата. Следната седница на советот за превенција на малолетничко престапништво е закажана за 22 мај кога ќе треба да се усвои деловникот.