Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советничките Александра Георгиевска, Емилија Томиќ, Даниела Георгиевска и Наџие Мустафи се најубавите жени во Советот на Општината Куманово. Така сметаат дел од кумановските советници, кои изненадени од прашањето на Kумановоњус, која од советничките им е најубава и им оставила најголем впечаток во Советот, сепак прифатија да го кажат своето мислење.
Според нашата анкета, сдсмовката Александра Георгиевска ужива најмногу симпатии кај колегите, а жестока конкуренција и беа советничките Емилија Томиќ од ДПСМ, Даниела Георгиевска од СДСМ и Наџие Мустафи од ДУИ. Но не помалку убави и интерeсни на свој начин се и останатите четири советнички, мислат советниците.
Професорката по англиски јазик Георгиевска, најмногу гласови доби од слободните советници од т.н. „машала“ коалиција. Советникот на Нова Демократија Дритон Рамадани, како ретко кој од советниците отворено и без комплекс ја пофали својата колешка.
Девојчето е згодно и има убави очи. За мене таа е најубава - вели Рамадани.
На иста бранова должина е и советникот Тони Трајковски.
Јас ги обожавам жените. Сите се убави и апсолутно ми е тешко да издвојам една. Сепак ако морам да кажам, тоа е Александра Георгиевска - рече Трајковски.
На советниците Ѓорѓе Полиќ и Зоран Петрушевски исто така најмладата советничка им е фаворитка.
Секоја жена е убава на свој начин и поседува своја убавина. Секоја возраст има и своја убавина. Од помладите тоа е Александра, а од постарите Емилија - вели советникот Полиќ.
Јас гласам за Даниела и Александра, ама Александра ја ставам на прво место, затоа што е професорка, а јас секогаш навивам за професорките и слаб сум кон нив - вели Петрушевски.
За прва придружничка на Мис Советот, важи советничката Емилија Томиќ. Витка, елегантна и одмерена во своето однесување таа ги освои симпатиите на колегите со кои ги дели советничките клупи.
Деликатно ви е прашањето. Не би сакал да се сфати субјективно, но мислам дека мојата сопартијка Емилија Томиќ е една од најубавите жени. Ми се допаѓа и физичкиот изглед, но ја познавам долго време, така да од секој аспект зрачи со убавина- смета советникот Горан Стојковиќ.
Отворено признание за убавината на Томиќ искажа и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Миодраг Панковски.
Емилија Томиќ е најубава. Таа се издвојува од останатите жени по однесувањето, облеката и по карактерот, мислам дека е комплетна советничка. Независно што сме коалициони партнери моето мислење е објективно - вели Панковски.
Еден од соговорниците дадениот став за убавите советнички го повлече, бидејќи стравуваше дека можеби останатите ќе се налутат, а може да има и други проблеми.
Најубава советничка според мене е новата од СДСМ Даниела Георгиевска, на второ место е Наџие Мустафи, а трета е Емилија Томиќ. Ама немој да пишуваш - ни рече тој.
Фармацевтката Даниела Георгиевска своите колеги ја опишаа како смирена и мистична.
По мое мислење, од советничките најубава и најелегантна е Даниела и по принципиелноста таа се одвојува - е став на Зија Саити од ДУИ.
Интересно е што советниците отворено зборуваа и за убавината на единствената Албанка во Советот Наџие Мустафи, директорка во основно училиште, која се најде меѓу четирите најубави жени. Ја опишаа како нежна и исклучително пријатна во комуникацијата и однесувањето.
Втора жена која заслужува да го носи епитетот најубава е Наџие Мустафи припадничка од албанскиот блок, која се одликува со слични карактеристики како и Емилија - јасен е Панковски.
Советниците на СДСМ кои прифатија да одговорат на нашето прашање даваа дипломатски одговори и немаа храброст да се изјаснат за една од советничките, нуту пак ги подржаа своите партиски колешки.
За мене како претседател на Советот не е благодарно да бидам до крај искрен и од тие причини за мене сите мои колешки се подеднакво убави. Се работи за различни вкусови, сите се убави почнувајќи од возраста и професиите, така да нема да дадам свој коментар - вели претседателот Виктор Цветковски.
Сите жени се убави и специфични. Некои доминираат со својот физички изглед, други со интелигенција или со внатрешна убавина. Поединечно не би сакал да издвојам, не би било коректно кон колешките советнички да дадам такво мислење - вели Максим Димитриевски.
Неможам да издвојам само една. Нашата председателка е најшармантна, тоа е факт, но и останатите се убави на свој начин - вели Александар Арсиќ.
На иста линија се и советниците Зоран Маневски и Бранко Арсовски.
Многу тешко прашање. Јас жените не ги гледам по физичката убавина, така да за мене сите жени се убави, поготово тие што се во Советот-вели Маневски.
Ме ставивте во една незгодна ситуација. Сите се добри, неможам да издвојам некоја посебно. Сите се симпатични и харизматични. Помладите се поубави од постарите и пошармантни, но старите се поискусни и за своите години и добри - смета Арсовски.
Додека советници што се одважија отворено да го кажат своето мислење одговараа на нашето прашање, оние што немаа храброст да го сторат тоа, им дофрлаа да внимаваат што зборуваат бидејќи тоа ќе го читаат и нивните жени.
Пази што збориш, немој после да биде дека само жени гледаш во Советот, а ништо не работиш. Ќе те остави жената, беа досетките на нивна сметка.
Најнеубедлив во својот одговот беше советникот од ДПА Аљиз Куртиши.
Ние немаме време за такви работи. Не правиме такви анализи, имаме доста суштински проблеми што треба да ги решаваме - објасни Куртиши.