Советниците на одмор до 15 август
Членовите на Советот на Општина Куманово ќе продолжат со работа по 15 август, откако ќе им заврши годишниот одмор.

Триесет и тројцата советници заминаа на одмор на 12 јули по одржување на шестата седница.
Од наредната недела ќе започнеме со подготовките за одржување на редова седница на Советот по 15 август, кога завршува периодот за годишени одмори. Со оглед на големиот број на отворени проблеми и прашања во Општината ќе дадеме свој придонес во нивно решавање во законски рамки- изјави Максим Димитриевски, претседател на Советот.
И додека советниците се на одмор Секторот за подршка на Советот работи и секојдневно ги прима барањата на граѓаните, а од 1 август со нив остварува средби и претседателот Димитриевски.