×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците не даваат да поскапи водата

    13.01.2010 08:05 | KumanovoNews

    По 8,5 часовна жестока расправа советниците во Советот на Општината Куманово, вчера гласаа против поскапување на водата, но не успејаа да најдат заедничко решение за проблемот со водоснабдувањето во градот.

    Советниците не даваат да поскапи водата

    Заклучокот да остане непроменета цената на водата до крајот на годината и да се потпише договор помеѓу двете водоводни претпријатија беше подржан само од советниците на позицијата, додека опозицијата и претставниците на Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ одлуката ја сметаат за неприфатлива и политичка.

    „Ове е политичка одлука на СДСМ која беше донесене со надгласување. Советот му даде грејс период на своето миленичето ЈП „Водовод“, но ние ќе продолжиме со законските постапки. Ќе го известиме надлежното министерство, по што ќе видиме како понатаму ќе постапуваме. Ќе се трудиме граѓаните на Куманово да имаат вода, но не можеме ништо да гарантираме“ - рече Дејан Божиновски, директор на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

    Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и советникот Бранко Арсовски предложија свои заклучоци за решавање на проблемот,но не добија подршка од мнозинството. 

    „Нашите предлог заклучоци имаа за цел да се дојде до брзо решение кое ќе донесе ефективна работа на двете претпријатија и на граѓаните. Дадовме пет заклучоци со кои беа исполнети сите услови за нормално снабдување со вода на граѓаните, индустријата и наводнување на земјиштето, но не беа прифатени. Сега целата работа се пролонгира и нема на повидок решение на проблемот“ - смета кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски.

    Од ЈП „Водовод“ се задоволни што цената на водата останува непроменета и тие се подготвени да го потпишат договорот за испорачување на вода со Водостопанство.

    „Се надевам дека овој проблем е решен, но времето ќе покаже дали заклучоците што ги донесовме ќе имаат тежина и двете јавни претпријатија ќе ги прифатат. Тие се во функција и во интерес на граѓаните што значи дека се прифатливи за ЈП „Водовод“ и ние сме подготвени уште утре да го потпишеме договорот. Тој ќе го разреши настанатиот проблем, кој по нас е исполитизиран и значи покажување на мускули на владејачката политичка групација“- рече Драган Јањевиќ., заменик директорот во ЈП „Водовод“.

    Претседателот на советот Виктор Цветковски, кој го предложи прифатениот заклучок, смета дека зголемувањето на цената на водата ќе падне на грбот на граѓаните, а нема да ги реши долгогодишните проблеми на претпријатијата. Затоа побара од градоначалникот да изработи физибилити студија која ќе содржи предлог мерки за долгорочно решавање на водоснабдувањето на градот. Истовремено ја повика и Владата активно да се вклучи во решавање на настанатите проблеми.

    Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ побара зголемување на цената на вода од 2,2 на 4,2 денари за м3 со образложение дека цената не е променета од 1973 година и со сегашната цена претпријатието не може нормално да функционира. Доколку советниците го прифатеа предлогот домаќинствата, наместо сегашните 37,5 денари ќе плаќаа по 45,5 денари за метар кубен потрошена вода.