Советнички прашања на седница на совет
02.09.2014 08:26
| KumanovoNews
Утре ќе се одржи дваесет и петтата седница на Советот на општина Куманово, на која градоначалникот, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори во локалната самоуправа, ќе одговараат на прашања на советниците.

Ваква седница се одржува еднаш во три месеци, при што советниците бараат отчет од локалната администрација за сработеното во предходниот квартал. Тие се интересираат, главно, за реализација на поедини проекти и решавање на проблемите на граѓаните. Многу често седницата се користи и за политички маркетинг на партиите.