Мени

Советнички прашања во Советот на Општина Куманово

24.06.2026 15:38 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре (четврток)  ќе одржи седница со советнички прашања.

Советнички прашања во Советот на Општина Куманово

Советниците ќе имаат можност да поставуваат прашања од надлежност на локалната самоуправа и да добијат одговори од градоначалникот Максим Димитриевски и општинската администрација.

Седница со советнички прашања се одржува неколку пати годишно и има за цел да ја зголеми транспарентноста во работењето на локалната власт.