×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Создаваме стандарди кои ќе изградат поправедно општество, кажа Дарко Ристовски од СДСМ

    12.03.2021 11:49 | KumanovoNews

    Пред нас е неповторлив период во кој ќе се фокусираме на создавање на стандарди дома кои ќе придонесат да изградиме едно поправедно општество. Државата чекори напред и потребно е да создадеме услови за брз и правилен развој, порача Дарко Ристовски- претседател на комисија за финасии на ОО СДСМ Куманово.

    Создаваме стандарди кои ќе изградат поправедно општество, кажа Дарко Ристовски од СДСМ

    „Стандардите ќе бидат со со цел да се воспостави контрола и ред во давање на услугите кон граѓаните и транспарентно работење на сите функционери и државни институции. Планот по кој ќе се водиме го нарековме - Акција 21 - План за борба против корупција, кој опфаќа повеќе квалитативни мерки меѓу кои би ги издвоил: дигитализација на матичните книги и издавање на електронски изводи од матичните книги, усогласување на законодавството во областа на дигитализацијата како механизам за борба против корупција, воспоставување на електронски систем за инспекција „Е-инспектор“ и стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023 и формирање на Национална комисија за следење на акцискиот план на стратегијата, измена на законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, изготвување на измени и дополнување на законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, план за изменување и дополнување на Прописите поврзани со работата на административните службеници и вработените во јавниот сектор, создавање на Централна база за издавање на лиценци и дозволи и усвојување на нов и порименлив кодекс на Етичко однесување на административни службеници“, - додаде Ристовски.

    Овие мерки и одлуки кои ќе се спроведат во следниов период ќе овозможат граѓаните да се чувствуваат посигурно, а институциите и функционерите да работат одговорно. Влада предводена од СДСМ работи посветено и одговорно слушајќи го гласот на граѓаните и преку овие мерки се обидуваме да излеземе во пресрет на граѓаните, се со цел да создадеме општество кое ќе биде функционално и општество во кое сите постапки ќе се одвиваат на јавен и транспарентен начин.

    (С.Н.)