×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шпанија го ратификуваше Протоколот, Македонија 30. земја членка на НАТО

    17.03.2020 13:35 | KumanovoNews

     Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Мaкедонија во НАТО. Сите 29 земји членки на НАТО формално ја прифатија Република Северна Македонија за 30-та земја членка.

    Шпанија го ратификуваше Протоколот, Македонија 30. земја членка на НАТО

    Сенатот на Кралството Шпанија, само заради оваа причина за првпат во својата историја гласаше по електронски пат со видео конференција и денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

    Како што нагласи министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешна прес-конференциј, ова за Македонија ќе значи поголема регионална безбедност, поголема стабилност а со тоа и појака транс-атланска врска.

    -  Сега ратификацијата ќе се испрати до Стејт Департментот, од каде ќе се достави известување до НАТО во Брисел. Потоа ние ќе го депонираме нашиот Закон за членство во НАТО што беше ратификуван пред распуштање на Собранието. Членството во НАТО е потврда дека Македонија е на вистинскиот пат и е инвестиција во идните генерации,- рече Димитров.

    Ратификувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО беше проследно и од страна на амбасадорот на Шпанија Емилио Лоренцо Сера.