Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот од редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија, Оливер Спасовски денеска им ја честиташе Новата година на граѓаните и на новинарите.
Посакувам да ја оставиме оваа 2012 година и да ги заборавиме сите работи кои што ни се случија, да имаме нова 2013 година во која секој граѓанин на Куманово ќе биде посреќен. Граѓаните на Куманово да не стравуваат за сопствената и иднината на своите деца. Година во која ќе имаме повеќе демократија, слобода и уште еднаш сакам да ветам дека мојата борба за слобода и демократија која ја започнав пред неколку дена во Собранието, во текот на целиот мандат се борам за граѓаните на Куманово. Ќе продолжам и во 2013 година уште посилно се со цел да ги зачуваме идеалите кои што ги вградија многубројни кумановци во темелите на македонската држава - вели Спасовски.
На граѓаните им посака здравје, среќа, а на новинарите им се заблагодари за успешната соработка и им посака поголема медиумска слобода.