×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Ќе се зајакне полициската контрола кај Центарот за зависности

    04.12.2015 16:50 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при дeнешната работна посета на СВР Куманово најави дека ќе ја зајакне полициската контрола во населбата Гоце Делчев, за да се зголеми безбедноста на учениците во основното училиште „Кочо Рацин„, кое се наоѓа покрај Центарот за зависности.

    Спасовски: Ќе се зајакне полициската контрола кај Центарот за зависности

    Со началникот на СВР Куманово, отворивме неколку теми, а ќе ја издвојам безбедноста на основното училиште Кочо Рацин од корисниците на Центарот за зависности. Ќе превземеме сериозни мерки за заштита на ова училиште и притоа најавив дека ќе побарам од Владата да се разгледаат можностите за дислокалција на овој центар. Тоа е еден од клучните проблеми, превентивната контрола која што ќе значи сигурност и безбедност на граѓаните на општина Куманово, обврска која што мора да ја имаме во СВР. На тоа е посебно укажано за да можеме да ги превенираме евентуалните можни настани и евентуални последици. Во овој момент мислам дека состојбата е стабилна, безбедна, граѓаните треба да бидат спокојни -изјави министерот Спасовски.

     Министерот Спасовски покрај вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово, ги посети и граничниот премин Табановце и Прифатниот центар за мигранти на железничката станица Табановце. При тоа било разговарано за безбедносната состојба во градот и за проблемите со кои се соочува Кумановската полиција.