×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Не ги делиме луѓето на наши и ваши

    18.01.2013 15:32 | KumanovoNews

     По обвинувањата на независната политичка опција дека локалната власт дели откази на нивни приврзаници, пратеникот Оливер Спасовски и шеф на изборен штаб на СДСМ ги отфрли обвинувањата со објаснување дека токму лицата кои се појавуваат на прес - конференции се сеуште на своите работни места и покрај тоа што ја смениле политичката опција.

    Спасовски: Не ги делиме луѓето на наши и ваши

    Колку е СДСМ демократска партија, колку имаме капацитет да го почитуваме секој човек во Куманово и секој член на СДСМ, дури и колку имаме респект кон нашите противници, оние кои биле со нас па сега не се со нас, говори и фактот што Виктор Цветковски е уште заменик - директор во ЈП “Пазаришта“. Секој кој стои лево или десно на неговите прес - конференции и собири се на раководни места во училишта. Тоа е доволен факт дека СДСМ не прави разлика и делба на луѓе кои што се нас или не се со нас. Ние сакаме да се соочиме со силата на аргументите и да посочиме како ќе го водиме Куманово во наредните 4 години - вели Спасовски.

    Тој смета дека Цветковски си бара алиби за поразот предвреме, а СДСМ со својата програма ќе ја бара довербата на гласачите.