Спасовски нов заменик директор во „Пазариште„
25.02.2014 09:50
| KumanovoNews
Марјан Спасовски - Ефто, дипломиран правник, ќе биде заменик директор во ЈП „Пазариште„.

Според неофицијални информации, новиот заменик-директор на функцијата ќе стапи наредната недела.
Спасовски ни потврди дека засновал редовен работен однос во „Пазаришта„, но не сакаше да го коментира назначувањето на новата функција.
Тој досега работеше во ЈП „Чистота и зеленило„ како правник во секторот човечки ресурси. Член е на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ и шеф на секторот кампања во партијата. Спасовски е човек на претседателот Мартин Костовски.