×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите за да го запреме вирусот

    22.03.2020 18:22 | KumanovoNews

     Премиерот Оливер Спасовски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од Ковид-19.

    Спасовски: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите за да го запреме вирусот

    – За жал, во доцните часови на минатата ноќ, од последици предизвикани од коронавирусот, ја добивме првата жртва. Сочувствувам со семејството на починатата, моја сограѓанка од Куманово. Сите мои мисли се сега со нејзиниот син во неговата борба со вирусот, напиша Спасовски.

    Знаевме, наведува тој, дека овој подмолен вирус зема жртви.

    – Ги преземаме сите можни мерки и активности за да го спречиме ширењето, да ги намалиме последиците. Останува и понатаму нашиот, мојот силен апел: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите и учествувајте сите во битката да го запреме вирусот. Да му ги одземеме можностите да се шири. Нема потреба од паника. Бидете трпеливи, храбри и разумни, напиша Спасовски на фејсбук.