×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Пензиите ќе бидат исплатени навреме

    21.12.2012 14:42 | KumanovoNews

     Пратеникот Оливер Спасовски денеска се сретна со претставниците на Здружението на пензионерите Куманово, за да им објасни дека недонесувањето на буџетот до крајот на годината нема да влијае на редовната исплата на пензиите.

    Спасовски: Пензиите ќе бидат исплатени навреме

    Ги отфрлам сите обвинувања на власта дека станува збор на блокада на буџетот. Во моменти кога работи Собранието и комисиите не може да стане збор за блокада. Ние како пратеници ги браниме нашите амандмани. Јас на прес конференција веќе ги образложив моите амандмани за изградба на канализации, водовод, училишни згради итн. Шпекулациите што ВМРО - ДПМНЕ ги пренесува дека ако буџетот не биде донесен во декември, државата нема да функционира, пензионерите нема да земат пензии, дека нема да има плата за јавната администрација, тоа апсолутно е лага. Никола Груевски во 2002 година кога ги загуби изборите како министер за финансии, не направи буџет и државата, па премина на времено финансирање кое траеше до март 2003 година. Се зимаа и плати и пензии - кажа Спасовски.

    Тој објасни дека на ваков начин само ќе се спречат злоупотреби, а за граѓаните нема никаков ризик. При тоа потенцираше дека и сега со месеци доцни исплата на породилните боледувања, субвенциите за земјоделците и други трансфери.

     Врз основа на план, ние предлагаме да се стопира градба на “Скопје 2014“, да се стопира градба на згради за Владата на Република Македонија, купувањето на луксузни автомобили како она што го купи Гордана Јанкуловска за 600.000 евра. Со тие финансиски средства да се помогне на Република Македонија да не се задолжува. Знаете дека има поднесен предлог закон за задолжување со 50 милиони, сега се очекува уште еден за 250 милиони евра, што значи дека влегуваме во критична состојба - вели Спасовски.

    Спасовски одговори дека вчерашниот протест бил договаран на социјалните мрежи и дека присутните се партиски војници, а не земјоделци. При тоа изради подготвеност да се соочи со нив и да ги праша дали сакаат нивните деца со години да отплаќаат долгови кои ги создаде власта.