×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Пензиите ќе растат заедно со платите, најниските ќе се зголемат за 21 процент

    04.07.2020 09:36 | KumanovoNews

     Кандидатот за пратеник на СДСМ Оливер Спасовски, на средбата со пензионерите во  Втората изборна единица зборуваше за Програмата на СДСМ со којашто се предвидуваат нови покачувања на пензиите.

    Спасовски: Пензиите ќе растат заедно со платите, најниските ќе се зголемат за 21 процент

    „Во нашата Програма за следните 4 години се обрзуваме дека по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти, односно минимална плата од 20.000 денари и раст на просечната плата до 30 проценти односно просечна плата до 34.000 денари, до крајот на мандатот. Бидејки висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи и можости за раст на пензиите. Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 процент! Ќе воведеме и минимана пензија, за ниеден пензионер да не зема помала пензија од 10.700 денари“, рече Спасовски.

    Тој нагласи дека градиме стабилни институции што одговараат на потребите на граѓаните.

    „Во услови на здравствено-економска криза, редовно, дури и порано од предвидените рокови се исплаќаат пензиите.  Нашиот концепт е сигурност: сигурност на пензиите, сигурност на платите, нови работни места, повеќе инвестиции, повисоки  плати. Ние како што знаете, ги покачивме пензиите. Сите пензионери, од јануари земаат повисока пензија за 722 денара, 324.000 пензионери. Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Просечната пензија со новото покачување изнесува 15.500 денари.

    Тоа го овозможивме со тоа што го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови. На овој начин обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери и за идните пензионери. Реформата во пензискиот систем  се спроведува врз основа на темелни анализи и системски пристап кон зголемувањето на пензиите, темелен на реален раст на економијата, а не на политички, моментални решенија. Дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување e намален за 3.7 милијарди денари, без радикални мерки како замрзување на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање“ рече Спасовски на средбата со пензионерите и најави дека продолжуваме да инвестираме во луѓето и во институциите и во следниот 4-годишен мандат.