×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги заплашува и ги поткупува гласачите

    02.04.2013 12:45 | KumanovoNews

     Шефот на изборниот штаб на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски, денеска обвини дека вработени во државните институции ја злоупотребуваат својата позиција и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги заплашува и ги поткупува гласачите

      Се работи за вработени во МВР, Центарот за социјални работи, Министерството за земјоделство и Шумската полиција. Укажуваме дека одредени припадници на МВР одат по куќи и вршат притисок врз граѓаните за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Вработени од Центарот за социјални работи ги посетуваат домовите на социјално загрозените граѓани и при тоа им се закануваат дека ако гласаат против ВМРО-ДПМНЕ, можат да ги изгубат социјалните права што ги имаат. Голем број на активисти на ВМРО-ДПМНЕ нудат матерјални добра на граѓаните, се со цел да ја добијат подршка на изборите. Тоа се случува во населбите Тромеѓа, Иго Тричковиќ, Ајдучка Чешма, Карпош, Перо Чичо, таму каде што сметаат дека можат да обезбедат повеќе гласови- изјави Спасовски.

    Тој им порача на политичките противници дека на тој налин нема да ја  обезбедат довербата на гласачите, бидејќи граѓаните не се поткупливи и на 7 март ќе направат вистинки избор.